Кривокапиќ: Црна Гора нема да стане втора српска држава

Од:

Црна Гора нема да стане втора српска држава, таа е независна и ќе остане таква, изјави вечерва црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, додавајќи дека новата Влада ќе се стреми кон најдобри односи со соседите.

– Од што се плашиме? Црна Гора нема да стане втора српска држава, рече тој и изрази жалење за протерувањето на српскиот амбасадор Владимир Божовиќ.

– Ќе правиме сè според процедурите. Знам дека не ни требаат проблеми, ако знаеме кои сме и имаме интегритет, додаде тој.

Во својата прва изјава по заклетвата, Кривокапиќ рече дека веќе се подготвени измени и дополнувања на Законот за слобода на вероисповед.

Владата, додаде тој, има обврска да не ги разочара граѓаните.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски