Кривична пријава за владиката на СПЦ Амфилохије по вчерашната литија во Подгорица

Од:

Против митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохије е поднесена кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело непочитување на здравствената регулатива за борба против опасна заразна болест, јавуваат локалните медиуми.

Како што пренесува подгоричкиот весник „Вијести“, владиката бил шест часа бил задржан на информативен разговор во Центарот за безбедност во Подгорица.

Амфилохије бил повикан во полицијата да даде изјава како граѓанин, по синоќешната црковна литија низ улиците на главниот град.

Полицијата соопшти дека Амфилохије е осомничен дека споменатото кривично дело го сторил со организирање „јавен собир во движење“ на кој, според проценките на полицијата, присуствувале околу 8.000 граѓани, што е спротивно на мерките на Министерството за здравство за дозволениот број граѓани на јавните собири.

„Покрај тоа, против него е поднесена и прекршочна пријава за прекршување на Законот за јавни собирања и јавни настани“, објави Полициската управа, пренесе „Вијести“.

Адвокатите на владиката, Божо Милоњиќ и Драган Шоќ, изјавија дека кривичната пријава е неодржлива и дека во постапките на митрополитот нема елементи на кривично дело.

Основното јавно обвинителство во Подгорица за „Вијести“ соопшти дека државниот обвинител од граѓаните побарал собирање на потребните информации, како и собирање на други податоци потребни за да се донесе одлука.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора