Кристофер Руди: Трамп е човек кој може да донесе мир на Балканот

Од:

„Претседателот на САД, Доналд Трамп е одличен преговарач и човек кој на Западниот Балкан може да му донесе мир“, смета основачот на „Њузмакс“, Кристофер Руди.

Руди оценува дека со самиот факт што претседателот го овластил Ричард Гренел за преговарач покажува дека постои кај него голем интерес за решавање на косовскиот проблем.

За „Њузмакс Адриа“, тој истакна дека Трамп има голем интерес за балканските народи да живеат во мир, а додава дека таа желба произлегува и поради тоа што неговата сопруга Меланија има потекло од нашиот регион.

Според Руди, преговарачот Ричард Гренел е еден од најважните дипломати во Белата куќа веднаш по државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Покрај пријателските и фамилијарните врски кои го поврзуваат Трамп со Балканот, Руди додава дека полуостровот е геополитички значаен бидејќи во него се судираат интересите на западот и истокот, исламот и христијанството.

Тој во интервјуто потенцираше дека Трамп со тоа што го назначил Гренел – „еден од неговите најдобри луѓе“ покажува голем интерес за да „излезе нешто добро од регионот“.

Би можело да ве интересира

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Планот на Трамп за Украина ќе започне со притисок врз Москва и Киев да преговараат

Горан Наумовски

Трамп: Врховниот суд на Аризона отиде предалеку со својата одлука за абортус