Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори

Од:

Косовските пратеници на денешната седница на Собранието го изгласаа распуштањето на законодавниот дом, по што се очекува претседателот на државата Хашим Тачи да го одреди датумот за одржување на предвремените, седми по ред, парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница, на која претходно беше изгласан финансискиот договор со Европската унија, со кој Косово треба да добие 90,5 милиони евра од ИПА фондовите, приуствуваа 106, од вкупно 120 пратеници колку што брои косовскиот Парламент.

За распуштање гласаа 89 пратеници, еден беше воздражан, а двајца против.

Претседателот Тачи, според извори од неговиот кабинет, планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре, или најдоцна в понеделник, на 26 август.

По оставката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија Собранието да се самораспушти на 22 август, по што претседателот Тачи треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски