Косовските амбасади од 2021 година ќе имаат и аташеа за култура

Од:

Амбасадите на Косово во светот во иднина, освен дипломатските и политички, ќе вршат и културни активности преку културните аташеа кои ќе бидат именувани во текот на 2021 година.

Ова е предвидено со договорот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и дијаспора и Министерството за култура, млади и спорт на Косово, кој денеска го потпишаа министерките Мелиза Харадинај-Стубла и Вљора Думоши.

Шефицата на косовската дипломатија, Харадинај-Стубла оцени дека станува збор за значајно постигнување на двете министерства, што ќе придонесе за промоција и на културен план на Косово во светот и ќе ја пренесе позитивната слика за земјата на меѓународната сцена.

Министерката Думоши најави дека за културни аташеа ќе бидат именувани еминентни имиња од косовската култура и спорт, од кои се очекува да придонесат за развојот и јакнењето на културната и спортската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски