Косовскиот Парламент усвои резолуција за заштита на правата на Албанците во Прешевска Долина

Од:

Косовскиот Парламент денеска усвои резолуција за заштита на правата на Албанците во Прешевската Долина, јужна Србија.

Резолуцијата предвидува проширување и заштита на правата на Албанците од Прешевската Долина, да им го олесни животот и да им овозможи слобода на движење од Долината до Косово и назад, да се укинат таксите за осигурување кои се плаќаат при влезот во Косово и да се отворат канцеларии во Приштина и Гњилане“.

Предлог-резолуцијата беше поднесена од пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Љутфи Хазири и требаше да биде изгласана на 31 мај, но гласањето беше одложено поради немање кворум.

Предлог-резолуцијата минатата недела беше поддржана од премиерот Хашим Тачи, кој предложи со уставни промени да се обезбеди косовските институците да се грижат за Албанците кои живеат во земјите на  поранешна Југославија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска