Косовскиот Парламент денеска расправаше за положбата на Албанците во јужна Србија, како и за заштита на правата на Албанците на просторите на поранешна Југославија.
Премиерот Хашим Тачи предложи со уставни промени да се обезбеди косовските институците да се грижат за Албанците кои живеат во земјите на поранешна Југославија.
Тачи ја поддржа предлог-резолуцијата поднесена од пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Љутфи Хазири. На седницата присуствуваат и претставници на АЛбанците од јужна Србија, Хазари истакна дека резолуцијата треба да „овозможи заштита и унапредување на правата на Албанците во Прешевската Долина, да им го олесни животот и да им овозможи слобода на движење од Долината до Косово и назад, да се укинат таксите за осигурување кои се плаќаат при влезот во Косово и да се отворат канцеларии во Приштина и Гњилане“.