Косовскиот парламент ја одобри спогодбата за нормализирање на односите со Србија

Од:

На вонредна седница доцна синоќа парламентот на Косово ја одобри резолуцијата за поддршка на спогодбата за нормализирање на односите со Србија, постигната со посредништво на ЕУ, пренесоа американските медиуми.

Премиерите на Србија и Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи во петокот во Брисел, по повеќе месеци интензивни преговори, ја парафираа спогодбата меѓу Белград и Приштина за нормализирање на односите.

Таа предвидува косовските Срби да останат под јурисдикција на косовските албански власти, а како замена за тоа добиваат широка автономија.

Стодваесетчлениот парламент во Приштина со 89 гласа „за“ и пет „против“ го одобри договореното помирување меѓу двете земји.

Напрегнатата седница беше прекината од тврдокорните пратеници, кои се спротиват на спогодбата.

Околу 200 демонстранти протестираа пред зградата на парламентот против спогодбата, која, спред нив, може да му даде повод на српското малцинство да отцепи дел од територијата на Косово и да ја присоедини кон Србија. Српската влада и парламент се уште не ја одобрија спогодбата.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина