Косовскиот парламент го усвои законот против учество во туѓи војни

Од:

Со 60 гласови „за“,17 против и два воздржани, вчера косовскиот парламент го усвои Законот за спречување на косовски граѓани да се приклучуваат во вооружени конфликти надвор од териоријата на Косово.

Против законот гласаа пратениците од националистичкото движење „Самоопределување“,кои бараа да се смени името на законот. Според ставот на партијата,кој и петходно го изнесе пратеничката Албулена Хаџиу, никој не може да ги спречи Албанците да одат да им помогнат на своите сонародниците во некоја странска војна.

Пратеничката група на оваа партиа поднесе девет амандмани но не беше прифатен ни еден од нив.

Законот е усвоен по две расправи во парламентот, а беше донесен со цел да се запре заминувањето на Косовците на боиштата во Сирија и Ирак.

И покрај сите апели, Косовците и понатаму заминуваат. На боиштата во овие земји, на страната на џихадистите на ИД се борат најмалку 300 Косовци, а од нивните семејства потврдна е смртта на 25.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска