Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) одлучи да им овозможи на двајца претставници на косовскиот Парламент, еден од редовите на власта и еден од опозицијата, да учествуваат во работата на сите комисиии на ова претставничко тело, со исклочок на комисиите за следење на обврските на земјите-членки на Советот на Европа и за правилници, имунитети и институционални прашања, без разлика кои прашања се наоѓаат на нивниот дневен ред.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, овие два косовски претставника нема да имаат право на глас, но можат да учествуваат во расправите кои се водат во ПССЕ, под услов да добијат дозвола од Претседателството.
Изборот на пратениците што ќе го претставуваат Косово во ПССЕ е во надлежност на косовскиот Парламент.