Косовскиот државен врв бара единство на власта и опозицијата за дијалогот со Србија

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, заедно со копретседателот на косовскиот тим за преговори со Србија, вицепремиерот Фатмир Лимај, и членовите на тимот, вицепремиерот Енвер Хоџај и пратеникот Висар Имери, се состанаа денеска кај претседателот на Собранието Кадри Весели, во пресрет на, како што беше објавено, финалната фаза на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

На средбата, како што јави дописникот на МИА од Приштина, посебен акцент е ставен на платформата за дијалогот, која се очекува деновиве да биде усвоена од Собранието на Косово.

– Учесниците на средбата се согласија дека сите претставници на институциите на Косово, од власта и опозицијата, треба да се обединат во поддршка на платформата за дијалогот, при што е нагласено дека единството на косовската политичка сцена ја јакне меѓународната улога на Косово во процесот на дијалогот, се наведува во соопштението по средбата.

Дијалогот меѓу Приштина и Белград веќе трет месец е во прекин, бидејќи српската страна одбива да се врати на преговарите кои се водат во Брисел со посредство на Европската унија, се додека не се укине таксата од 100 отсто што Владата на Харадинај ја воведе на увозот од Србија и од Босна и Херцеговина.

Укинување или супсендирање на одредено време на таксата бараат и претседателот Тачи, кој до сега ги водеше преговорите со неговиот српски колега Александар Вучиќ, и собранискиот спикер Весели, како и САД и ЕУ.

Катгергорично против укинување на таксата, дури и по цена Владата да падне, е премиерот Харадинај, кој вели дека таа ќе остане во сила се додека Србија не ја признае независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски