Косовскиот амбасадор во Албанија порача дека одржаните избори се пример за регионот

Од:

Амбасадорот на Косово во Албанија, Сул Укшини, изјави дека вчерашниот ден, кога се одржаа предвремени парламентарни избори во Косово, бил празничен ден.

Поздравувајќи го изборниот процес и кампањата што му претходеше тој додаде дека била со поголема политичка етика „поради што треба да биде пример за многу земји во регионот“.

Според него, овие избори испратиле и порака до Брисел дека Косово е неправедно лишено од слободно движење и дека е дел од Европа.

-Вчера беше еден вид празник, а 100.000 гласачи повеќе од претходните избори, покажаа дека луѓето биле многу заинтересирани да излезат и да го дадат својот глас. И кампањата беше со многу поголема политичка етика, што може да биде пример за многу земји во регионот. Поради околностите ние предвреме созреавме. Во демократијата победа е кога има стабилност и кредибилитет. Ова е пример за на Брисел да му се каже дека Косовците неправедно се лишени од слободното движење. Косовците покажаа дека се дел од Европа, рече Укшини.

Запрашан како изборот на Албин Курти за премиер ќе влијае врз односите меѓу двете држави тој кажа дека тие ќе се движат напред, бидејќи станува збор за една нација.

Со доза на хумор, додаде, Косово е пред Албанија во фудбал, музика, а сега и во организирање избори.

-Во однос на националниот интерес мислам дека односите меѓу Косово и Албанија ќе одат напред. Двете други стратешки ориентации на Косово ќе бидат Вашингтон и Брисел. Албанија е природен партнер, ние сме една нација и имаме еден јазик. Во фудбалот, музиката и изборите треба да признаеме дека сме напред, има некои работи што и Албанија треба да ги прифати, така што некои нешта треба да ги земеме ние од вас и вие од нас. Тоа е природна симбиоза, рече Укшини.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов