Пратеникот во косовскиот Парламент, Гезим Келменди, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендербег херој на католиците а не албански национален херој. Келмедни, како што пренесува весникот „Експрес“ тоа го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендербег, не постоеле нации.
– Католиците го имаат својот херој – Скендербег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања, изјавил Келменди во телевизиска емисија.
Тој исто така се сомнева и за потеклото на националниот херој, поради неговата мајка и постоењето многу народи во тоа време во тогашна Албанија и се согласува дека е потребна измена на албанската историја, зашто она што се учело во училиштата не било вистина.
Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, тукусамо владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја – пријател.