Косовски медиуми: Приштина ќе ги укине царините за Србија

Од:

Приштинскиот портал „Газета експрес“ објави документ во кој, меѓу другото, постои и обврска Косово да ги укине царините за Србија, пренесува „Спутник“.

Според информациите од регионалните медиуми, се работи за документ потпишан во Берлин за воспоставување авио-линија на релација Белград-Приштина.

Приштинскиот портал тврди дека наводно го поседува целосниот документ што двете страни го објавиле како „писмо со намери“ и тоа како посебни документи во однос на тоа што двете страни поединечно се обврзуваат да испорачаат со цел слободни воздушни коридори.

Косово, според документот за приштинската страна и КФОР со „Луфтханза“, исто така се обврзува дека договорите за слобода на движење и т.н. ИБМ договор (за интегрирано управување со премините), кои се постигнати во Брисел, ќе се однесуваат на патници, пошта и товар што ќе се пренесуваат на оваа релација, пренесе Б92.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ проценува дека косовската државност е доведена во прашање во документот потпишан од косовска страна во Берлин, бидејќи во него се избегнува употреба на називите на косовските институции.

„Во писмото потпишано од Косово се зборува за отворање посебна линија меѓу Приштина и Белград, но се избегнува терминологија за именувања на државните институции“, пишува приштинскиот весник.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати