Косовската претседателка бара од ЕУ да ги осуди дестабилизирачките тенденции на Србија на Балканот

Од:

Косовската претседателка Вјоса Османи бара од Европската Унија „да биде погласна“ во однос на, како што ги нарекува, „дестабилизирачките тенденции на Србија во Косово и во регионот“ на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната средба со амбасадорот на Австрија во Приштина, Кристоф Веидингер, Османи нагласила дека Косово е посветено на мирот и стабилноста во регионот.

Во соопштението од претседателскиот кабинет се вели дека на средбата се разговарало за последните случувања во северот на Косово, каде што пред десет дена имаше протести и блокади од страна на косовските Срби, поради одлуката на властите во Приштина за промена на српските регистерски таблички со косовски и реципроцитет кон Србија во однос на личните документи при влез од едната во другата држава.

– Претседателката Османи нагласи дека институциите на Косово се посветени на продолжувањето на целосната координација со меѓународните партнери, како што се координираа и досега. Претседателката Османи побара ЕУ да биде погласна во однос на дестабилизирачките тенденции на Србија во Косово и регионот, се вели во сооштението.

Османи му рекла на амбасадорот Веидингер дека Косово очекува поддршка од Австрија во процесот на визна либерализација, како и за зачленување во меѓународни организации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он