Косовската полиција заплени 56 килограми дрога и уапси пет лица

Од:

Полицијата на Косово објави дека во акција за сузбивање на илегалната трговија со наркотици, спроведена денеска во јужна Митровица и во Косово Поле, открила 56 килограми дрога марихуана и уапсила пет лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полицијата, се претпоставува дека уапсените лица дрогата ја шверцувале од Албанија, а намерата им била да ја изнесат надвор од Косово.

Освен дрогата, запленети се и три возила „мерцедес“, две со албански и едно со косовски таблички, пет мобилни телефони, над 10 илјади евра, како и одредена количина албански леки и српски динари.

На четворица од осомничените им е одреден притвор поради „купување, поседување и неовластена продажба на наркотични средства“, а петтото лице е пуштено во редовна процедура.

Вчера косовската полиција уништи лаборторија за дрога во Звечане, во северно Косово, каде што плени дрога во висина од над еден милион евра и уапси четири лица од српска нациналност, тројца со српско и еден со косовско државјанство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари

Дилер од Битола двапати му продал дрога на дете

Горан Наумовски

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Уапсена е Аура Јазмин Кастро Руиз позната во криминалниот свет под псевдонимот „Кума“

Горан Наумовски

Царината заплени возило кое пренесувало дрога