Косовската полиција откри и уништи 4.050 стебла марихуана

Од:

Косовската гранична полиција за регионот на Ѓаковица, по завчерашната дојава дека во областа Кошаре има садници на наркотични билки, откри пет плацеви со вкупно 4.050 стебла марихуана, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во полициското соопштение се наведува дека наркотичните билки се уништени и дека за случајот е известено Обвинителството за тешки злосторства во Ѓаковица, кое покрена истрага за кривично дело „одгледување и производство на наркотични билки, психотропни и аналогни субстанци“.

– Полцијата ја информира и Управата за борба против трговијата со наркотици, која исто така излезе на местото на настанот. Во тој регион се откриени 4.050 билки, чија височина изнесуваше од еден до 3,5 метри. Полицијата ги откорна и ги уништи (изгоре) билките откриени на таа локација, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он