Косовската полиција ја уапси руската новинарка Дарија Асламова под сомнение за шпионажа

Од:

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља потврди дека безбедносните органи ја уапсиле новинарка, Русинката Дарија Асламова, на северот на земјата.

Во објава на Фејсбук, Свечља истакна дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руските воени разузнавачки служби и дека дејствувала под маската на новинар“.

„Таа учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина“, додаде Свечља.

Свечља рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и бил забранет влез во многу земји.

„Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со настаните на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганда на која Србија веќе се приклучила и која има за цел да ја дестабилизира нашата земја“, додаде Џељаљ Свечља.

Би можело да ве интересира

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Русија: Шест британски дипломати обвинети за шпионажа

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска

Лидерот на Српската демократија денеска е уапсен во северниот дел на Косовска Митровица

Горан Наумовски