Косовската царина заплени 64.000 литри фалсификувана „Кока-кола“

Од:

Царините на Косово објавија денеска дека заплениле 64.300 литри „Кока-кола“ за кои постои сомневање дека се фалсификувани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението за јавноста, при преглед на стоката на граница запрен е товар со трговската марка „Кока-кола“ за кој се претпоставува дека е фалсикуван и дека бил произведен во Ирак.

Во соопштението не се наведува на кој граничен премин е откриен нелегалниот товар, а нема информации ниту за идентитетот на превозникот.

Царинските власти напоменуваат дека, според важечките законски прописи, фалсификувана стока не смее да се пушти во промет, затоа запленетите количества ќе бидат подложени на процес на уништивање.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он