Косово вознемирено од новата српска влада

Од:

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај оцени дека последните политички движења во Србија се враќање на патот кој не води во европските интеграции.

Во интервју за амбанската програма на „Гласот на Америка“, хоџај оцени дека е потребен притисок на меѓународната заедница за да се повлечат илегалните структури на северот на Косово и дека нема да има продолжување на разговорите меѓу Белград и Приштина се додека не се спроведат постигнатите договори.

Тој процени дека победата на Томислав Николиќ за претседател на Србија и давањето на мандатот на Ивица Дачиќ создаде вознемирување на Балканот.

Тој рече дека Дачиќ бил протаганист во движењата кои не се за пофалба, дека бил „портпарол на режимот кој направи воени злосторства на Косово, во Босна и Херцеговина и дека денот-Видовден на кој го доби мандатот е лоша порака за Косово и соседните земји на Србија.

Како што наведе, „изјавите на Дачиќ дека ќе направи напори да ги врати српските силио на Косово“, без сомнеж се пораки кои во Приштина, Сараево, Подгорица, Скопје и Загреб внесуваат вознемирување.

„Сето тоа докажува дека Србија се вратила на антиевропскиот пат и никој подобро од граѓаните на Косово, Босна и хрватска не знае подобро што значи антиевропска Србија. Со тоа, одговорноста е на Брисел и на западните партнери да бидат јасни и прецизни во однос на ставот кон владата која може за брзо време да се формира во Белград“, рече Хоџај.

 

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски