Косово: Се враќа полицискиот час и се затвораат училиштата, кафеаните и трговските центри на 12 дена

Од:

Владата на Косово денеска донесе нови, заострени, мерки за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои ќе бидат во сила во наредните 12 дена, односно од утре до 18 април.

Меѓу другото, се воведува забрана на движењето на граѓаните во периодот од 22 до 5 часот, се затвораат училиштата и се забранува работата на угостителските објекти (освен за достава), како и на трговските центри, вежбалниците и фитнес-центрите, освен оние на отворено.

На јавните и приватните предуниверзитетски институции им се наложува да ја одржуваат наставата онлјан во периодот од 12 до 18 април, додека универзитетите од 6 до 18 април, а воедно наредните 12 дена се затвораат и студентските домови и мензи.

Предвидени се и заострени мерки за јавни собири, културни, забавни и спортски настани, семејни прослави и погреби, ограничувања на бројот на патници во јавниот превоз и такси возилата и слично.

Новите мерки ги образложи министерот за здравство, Арбен Витиа, кој најави дека тие ќе се преиспитаат на 18 овој месец.

Витиа нагласи дека во изминатите две недели е забележан пораст на заболените и смртните случаи како последица на пандемијата. Конкретно, во изминатиот 14-дневен период имало 11.577 новозаболени и 150 починати, додека бројот на активни носители на вирусот моментно изнесува 13.902.

Последното деноноќие во Косово се забележани нови 11 смртни случаи и 512 заболени, со што бројката на починати достигна до 1.926 од вкупно 94.167 лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата. Вклучително вчерашните 524, болеста досега ја совладале 77.957 заболени.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он