Косово: Притворени двајца Срби

Од:

Основниот суд во Гњилане им одреди триесет дневен притвор на Саша Николиќ и Далибор Ѓорѓевиќ, кои вчера се приведени под обвинение дека вршеле шпиунажа на објекти на безбедносните сили на Косово, пишува порталот „Коха“.

Судијата на Основниот суд во Гњилане, Иљми Далипи, по сослушувањето им одреди мерка притвор на Николиќ и Ѓорѓевиќ од село Коретиште, општина Ново Брдо.

Притворот е одреден на барање на обвинителот од Основното обвинителство за тешки кривични дела во Гњилане.

Косовската полиција, вчера соопшти дека привела двајца Срби, откако забележала дека ги фотографираат касарните на Косовските безбедносни сили на југоисток на Косово.

Канцеларијата на владата на Србија, за Косово и Метохија, денес најостро го осуди приведувањето на Николиќ и Ѓорѓевиќ, вработени во општината во Гњилане, и апелира на меѓународната заедница да го провери случајот и да се ослободат притворените.

Од Канцеларијата за Косово соопштија дека Ѓорѓевиќ и Николиќ во текот на своите работни обврски, односно во подготовка на документација за јавни работи, чистење на речното корито и дивата депонија, фотографирале место во непосредна близина на старата касарна.

-Предупредуваме дека безбедноста на Србите повторно е доведена во прашање и апелираме на меѓународната заедница да го провери случајот и да се ослободат приведените Срби, стои во соопштението.

Според портпаролот на полицијата во Гњилане Исмет Хашани, притворените признале дека покрај останатите објекти ја фотографирале и касарната, но дека не изјавиле зошто го направиле тоа пренесуваат приштинските медиуми.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина