Косово поднесува барање за членство во Европската унија

Од:

Косовската влада ќе поднесе барање за членство во ЕУ во следните две недели, потврди косовскиот премиер Аљбин Курти.

Овој чекор Курти го најави на самитот на лидерите на партиите членки на европските социјалдемократи и побара поддршка од таа политичка групација.

„Овој месец, пред Божиќ, Косово ќе поднесе барање за членство во Европската унија“, рече Курти.

Тој побара од европските лидери „да размислуваат надвор од сегашните координати за напредок“ и изјави дека на Западен Балкан му е потребна конкретна поддршка и конкретни датуми. Според него, ова е начин да се задржат сите земји на европскиот пат и што поскоро да се приклучат кон ЕУ.

„Потребен ни е забрзан процес на проширување. Досега зборувавме за европска перспектива или проширување, но ни треба членство во ЕУ. Ништо друго веќе не е доволно. Тешко е да се мобилизираат луѓе и да се одржи оптимизмот и ентузијазмот ако немаме временска рамка“, рече Курти.

Тој смета дека решението лежи во постепеното приклучување на регионите на ЕУ, пред се во економската интеграција, по моделот на Европската економска заедница, „некаков регионален пазар или договор за слободна трговија во Југоисточна Европа“.

„Важно е да има плима на Западен Балкан што ќе ги подигне сите чамци во исто време“, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

Европската унија привремено ги укина царините за храна од Украина

Катерина Ѓуровски

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

Голем дел од Палестинците кои настрадаа во масакрот чекајќи храна се убиени од Израелците

Катерина Ѓуровски

Европската унија воведе рекордни санкции против Русија