Косово: Нови три жртви, 292 заразени и 556 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа

Од:

Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови три смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, откако претходниот ден по подолго време имаше двоцифрена бројка, односно десет жртви на пандемијата.

Последните 24 часа, од извршените речиси три илјади тестирања со методот РТ-ПЦР (вкупно околу 283 илјади досега), 292 лица резултирале заразени од коронавирусот.

Вклучително последните случи, според официјалните статистики на Националниот институт за јавно здравство на Косово, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 65.982 лица, од кои починале 1.571 заболен.

Во извештајниот период забележани се е и рекордни 556 излекувани пациенти, додека вкупната бројка на оние кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19 и кои ја совладале болеста доситгна до 57.941.

Активни носители на вирусот во моментов во Косово, вклучително денешните податоци, се 6.470 лица.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски