Косово: Нови девет жртви и 680 заразени од Ковид-19, најавено заострување на мерките

Од:

Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 680 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот.

Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 93.655 лица, од кои починале 1.915 заразени.

Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 465 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 77.433.

Вчера се извршени 4.083, а од почетокот на пандемијата нешто повеќе од 443 илјади тестирања со методот РТ-ПЦР.

Активни носители на вирусот во моментов, вклучително денешните податоци, се 14.307 лица.

Од Министерството за здравство на Косово денеска најавија дека се разгледува можноста за нови мерки за спречување на ширењето на заразата, меѓу кои е затворањето на училиштата, угостителските објекти, трговските центри и фитнес центрите и вежбалните. На ова се спротивставија Здружението на угостители и Бордот на Асоцијацијата на општини, кои тврдат дека новото затворање ќе предизвика уште поголеми штети на економијата, која и онака трпи поради пандемијата.

Евентуалните нови мерки, како што најави косовскиот министер за здравство Арбен Витиа на денешната виртуелна средба со претставници на Министерството за локална самоуправа и на дел од општините, би стапиле на сила идниот вторник, на 6 април, и би траеле до 18 овој месец.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он