Косово: Нови 14 починати и 555 заболени Ковид-19

Од:

Бројката на жртви на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.040 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 14 од заразените од коронавирусот.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.340 тестови со методот РТ-ПЦР (146.703 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 555 лица.

Вклучително новозаболените, бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 40.672, а болеста досега ја совладале 25.910 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 324 пациенти.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.722 активни носители на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски