Косово има обврска да формира Заедница на српски општини, вели американскиот амбасадор

Од:

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет, денеска изјави дека неговата земја смета оти Косово има обврска да формира Заедница на српски општини и дека постои обврска да се почитуваат претходно преземените договори и обврски.

Тој за Радио Плус изјави дека „историјата не започнала на денот кога беше формирана владата на Албин Курти“.

На прашањето дали гледа простор за компромисно решение меѓу Белград и Приштина, Коснет одговори дека „смета дека имало многу тешки разговори и воздржаност пред да подготовките за преговори“, но дека „не треба да дозволиме тоа да не обесхрабрува или вознемирува“. .

– Мислам дека е важно да се признае дека времето не е на страната на страните (во преговорите). Мислам дека најголемиот непријател на Косово е самозадоволство. Што сакам да кажам со тоа? Во текот на последните дваесет години, во Косово се создаде ситуација каде луѓето се многу навикнати на меѓународната заедница која впумпува многу пари во земјата, помагајќи му на народот на Косово да ги реши своите проблеми, рече Коснет.

Тој посочи дека се очекува косовското општество „да стане позрело и да преземе повеќе одговорности“.

– Не би зборувал за трпеливост. Не е дека сме огорчени или нетрпеливи. Очекуваме Косово да стане позрело како демократија и како економија и да преземе поголема одговорност врз себе. Мислам дека тоа не е ништо негативно. Нормално е за земја на која и пружаме голема помош, помагаме да ги изградиме нејзините капацитети да станува се повеќе независна, рече Коснет.

– Тоа, исто така, значи дека Косово ќе ја добие почитта кон своите соседи, бидејќи ќе дејствува како независна земја која е подготвена да седне на маса и да води тешки разговори, тешки преговори и да донесе нови идеи. Мислам дека тоа е она што сакаат луѓето во Косово и луѓето од соседните земји. Тие не сакаат нивните водачи само остро да разговараат. Тие сакаат да најдат решенија за проблемите на луѓето, рече американскиот дипломат.

Говорејќи за договорот постигнат во Вашингтон на 4 септември, Коснет рече дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден внимателно го проучила договорот од Вашингтон потпишан од Александар Вучиќ и Авдулах Хоти во Белата куќа и заклучила дека тоа се работи за кои посакува двете страни да ги исполнат.

– Значи, во основа зависи од Косово и Србија да го осмислат патот напред. Не мислам дека ќе има многу простор за напредок ако обете страни не бидат подготвени за компромис. Знам дека некои луѓе рекоа – па ние направивме доволно компромиси, сега некој друг нека направи компромис. Тоа не е многу продуктивен пат напред, рече американскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски