Косово и Израел ќе воспостават дипломатски односи идниот месец

Од:

Министерката за надворешни работи на Косово Мелиза Харадинај–Стубла вели дека признавањето на косовската држава од Израел е веќе факт и дека формалното воспоставување на дипломатските односи меѓу двете држави ќе се случи многу наскоро.

На денешната седница на Комисијата за евроинтеграции на Собранието на Косово, Харадинај-Стубла информира дека веќе идниот месец ќе отпатува за Ерусалим за со нејзиниот израелски колега да ги договорат деталите околу отворањето на дипломатските претставништва во двете држави.

Во врска со визната либерализација за граѓаните на Косово од страна на Европската унија, шефицата на косовската дипломатија повтори дека Приштина ги исполнила сите услови кои биле побарани од неа и нагласи дека на двете земји кои се скептични во тој поглед, Холандија и Франција, им предложила формирање заедничка работна група, со цел да се расчистат дилемите околу тоа дали се исполнети критеритумите за либерализација.

Таа оцени дека противниците на укинувањето на визите за граѓаните на Косово „се однесуваат несериозно и имаат недостиг на визија за стратешкото лидерство на ЕУ“.

– Наша договорна страна е ЕУ и тие треба да ни одговорат, нам и на граѓаните, врз основа на преземените обврски и критериумите, зошто и по исполнувањето на тие критериуми од нас се бара да работиме поединечно со секоја земја, рече Харадинај-Стубла.

Седницата на собраниската комисија пред почетокот ја напуштија двајцата нејзини членови, пратеници на опозициското Движење самоопределување (ВВ), наведувајќи дека Харадинај-Стубла не е министер за европски интеграции, така што нема надлежности да зборува за прашањето на визната либерализација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Нетанјаху му се закани на Хезболах: Израел ќе одговори насилно

Израел ја нападна Газа, најмалку 25 загинати и повредени

Хамас тврди дека за време на војната во Газа биле убиени 33 заложници