Косово го прогласи Петер Хандке за персона нон грата

Од:

Вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли објави дека годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература Петер Хандке од денеска е персона нон грата во Косово, поради неговото негирање на воените злосторства од страна на Србија на Слободан Милошевиќ.

Прогласувањето на австрискиот писател за непожелна личност од страна на Приштина уследи неколку часа откако истото тоа го стори и официјално Сараево.

– Денеска одлучив да го прогласам Петер Хандке за непожелен во Косово. Тој е персона нон грата од денеска. Негирањето на воените злосторства и поддршката на злосторниците е ужасно злосторство, соопшти Пацоли.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он