Косово: 148 заболени во изминатите 24 часа, нема починат

Од:

Нови 148 заболени, 56 излекувани и ниеден починат од Ковид-19 се регистрирани во Косово во последните 24 часа.

Вклучително овие податоци, според статистиките на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 16.754 носители на вирусот, од кои 14.617 се излекувани, додека 652 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 1.485.

Според ИКШПК, минатото деноноќие се тестирани 1.028 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот, со што за прв пат е забележана четирицифрена бројка на извршени тестови.

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај вчера најави дека во наредниот период секојдневно по илјада и повеќе лица ќе бидат тестирани со методот РТ-ПЦР. Вкупно досега, од почетокот на пандемијата, се извршени 79.189 тестирања.

Би можело да ве интересира

Во САД ги фрлиле на отпад респираторите што им ги донира Русија

Жарко Настоски

Шпанските власти размислуваат за вонредна состојба и полициски час

Жарко Настоски

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен се самоизолира надвор од Белгија

Жарко Настоски

Рибарска екипа пристигнала во Нов Зеланд заразена со коронавирус

Ана Ололовска

Во последните 24 часа во Бугарија над илјада новозаразени од Ковид-19

А1он

Бугарскиот министер Каракачанов во самоизолација поради контакт со заразен со коронавирус

Ана Ололовска