Коснет во Северна Митровица: Косово е држава и тоа и ќе остане

Од:

Американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет изјави вчера во Северна Митровица дека „Косово е држава и тоа и ќе остане“ и порача дека е неопходно сите кои што живеат таму да го прифатат тој факт, јави програмата на српски јазик на државната косовска телевизија РТК2.

Обраќајќи се во Општествениот клуб во општината со мнозинско српско население во северно Косово, Коснет рече дека земјата се наоѓа во транзиција, дека меѓународната заедница ја помага веќе 20 години, „но тоа нема да трае вечно“.

– Сметам дека не треба да се заборави минатото, меѓутоа битно е тоа да се сфати и да се употреби за градење подобра иднина меѓу двата народи (Албанците и Србите), изјави американскиот амбасадор.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Коснет рече дека Вашингтон силно го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија, кој има за цел сеопфатен договор меѓу Косово и Србија.

Тој додаде дека очекува брзо укинување на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово, како предуслов за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

– Сметам дека следен чекор во овој процес треба да биде Косово веднаш да ја укине таксата без никаков предуслов и уверени сме дека, доколку тоа се случи, и Владата во Белград ќе преземе позитивни чекори во тој дијалог. Сметам дека укинувањето на таксата е од големо значење, изјави Коснет, порачувајќи дека САД нема да престанат да го поддржуваат Косово и во случај таксата да не се укине.

Би можело да ве интересира

Харадинај: ЕУ го забавува решавањето на косовско – српскиот спор со именувањето на Лајчак за посредник

А1он

Борел: Пандемијата ќе ја забави работата за дијалогот Белград-Приштина

А1он

Тачи: Нема да поднесам оставка од претседателската функција ако бидам повикан во Хаг

Ана Ололовска

Нови 13 заболени и четворица излекувани од коронавирусот денеска во Косово

А1он

Амбасада на САД во Приштина: Реципроцитетот кон Србија е на штета на Косово

А1он

Тачи: Започнаа консултациите за формирање на новите косовски институции

А1он