Коснет со критики до косовските партии поради лица со криминално минато во изборните листи

Од:

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет упати денеска критики до политичките партии затоа што во листите со кандидати за пратеници на наредните избори ставиле лица со криминално минато.

Коснет на својата страница на „Твитер“ напиша дека граѓаните не можат да ги сметаат за сериозни партиите кои дејствуваат спротивно од декларативните заложби за владеење на правото.

– Како можат граѓаните да ја земат за сериозна изразената заложба на политичките партии за владеење на правото, кога во листите на многу партии има индивидуи со активни обвиненија, со казни за кривични дела, како воени злосторства и напади и со меѓународни санкции за воени злосторства и корупција, напиша Коснет.

Вонредните парламентарни избори во Косово, по оставката, во јули годинава, на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 6 октомври. На изборите ќе учествуваат 21 политички субјект чии листи ги верификува Централната изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски