Коснет: Американските војници не гинеле за да се создадат „Голема Србија“ и „Голема Албанија“

Од:

Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет порача дека „американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот.

Изјавата на Коснет во интервју за приштинскиот портал „Газета Блиц“ уследи по најавата на лидерот на Алијансата за иднинат на Косово (ААК) и кандидат на таа партија за претседател на државата, Рамуш Харадинај, дека ќе оргaнизира референдум за обединување со Албанија доколку Европската Унија не го смени односот кон Косово, пред се кога е во прашање либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани.

Американскиот амбасадор вели дека би му било „криво доколку Косовците се откажат од државноста на Косово“.

– Мојот коментар за обединувањето (на Косово) со Албанија останува непроменет. Американските војници не се бореле – а некои од нив и загинале – за да се создаде Голема Србија и Голема Албанија на Балканот. Би го насочил вниманието на Уставот, кој повикува на мултиетничко општество со верски слободи за сите… Мислам дека Косово има корист од тоа што е мултиетничко и мултиконфесионално општество и разговорите за Голема Албанија, разговорите за Голема Србија на Балканот би претставувале предавање, би претставувале пораз и сметам дека тоа не е одговорот за проблемите на земјата и на регионот, порача Коснет.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски