Коштуница: Запад сака да го легализира киднапирањето на Косово

Од:

Насилството над српскиот народ кое пред девет години го организираа алабнските сепаратисти, беше насилен обид за создавање на независно Косово, а денес Запад сака да го наметне договорот и да ја оствари целта, која ниту НАТО со својата агресија не ја постигна, изјави денес претседателот на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница.

-Денес Запад со сите сили сака да го наметне договорот со кој дефинитивно ќе се заокружи и легализира киднапирањето на Косово. Властите имаат историска одговорност, да не го прифатат договорот со кој Запад сака да ја постигне целта, која не ја оствари ниту на 17-ти март, ниту со агресијата од 1999 година – истакна лидерот на Демократската партија.

Според него Србија треба одлучно и храбро да го отфрли планот на Запад и по ниту една цена да не биде соучесник во одземањето на Косово, бидејќи ако Србија се откаже од Косово, тоа ќе предизвика страотни последици за иднината на државата.

-Мора конечно да се соочиме со вистината дека Европската унија не е пријател на Србија, кога станува збор за Косово и дека секоја држава, па и нашата мора да го одбрани своето достоинство, државност и народ на Косово и Метохија- изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ