Корупција и како да се намали во БиХ

Факт е дека конкретните случаи на корупција исклучително тешко можат да се детектираат. Од друга страна, факт е и дека корупцијата, ако не се засече во корен, ќе ја уништи секоја здрава иницијатива и инвестиции.

Каде е БиХ на скалата на корупцијата?

Факт е дека Босна и Херцеговина ја мачат многу проблеми. Токму во рамките на Форумот за просперитет и вработување, кој во мај се одржа во Сараево, корупцијата беше препозната како една од најголемите пречки за развојот на БиХ. Форумот собра широк спектар на претставници на граѓанското општество, како и од академската, деловната и политичката заедница. Пораката на Форумот беше дека реформите се можни, но процесот мора да биде сериозен. Посебно на полето на спречување на корупцијата, која во БиХ е повеќедимензионална и која ги зафаќа сите пори на општеството.

На почетокот, потребни се само неколку податоци за да се покаже каде Босна и Херцеговина е на скалата на корупцијата. А, таа е шампион меѓу поранешните југословенски републики, се наведува во извештајот на организацијата Транспаренси интернешнл БиХ.

Значи, БиХ е рангирана како 72 од вкупно 175 земји во светот, според Индексот на перцепцијата на корупцијата. Исто така, корупцијата е трета најголема пречка за инвестиции во државата.

Не треба да се има илузии за целосно укинување на корупцијата, наведе Игор Вукалјовиќ, технички секретар на Здружението на граѓани Тендер, кој вели: Корупцијата не може да се искорени, но може да се сведе на разумна мерка, која нема да го загрозува функционирањето на општеството. Така секако постои простор корупцијата во БиХ да се намали во голема мера.

Од друга страна, претставничката на организацијата Transparency International за БиХ, Ивана Корајлиќ, вели дека веќе станала излитена фразата дека борбата против корупцијата во БиХ целосно е неефикасна и дека за неа нема доволно политичка волја и додава: Ова е толку пати повторено, со оглед на тоа дека во последните 10 години не видовме вистински напредок, а тоа го потврди Извештајот за напредокот на БиХ.

Многу деловни луѓе ја гледаат корупцијата како огромна пречка за работење во БиХ, а над 5 отсто од нив се одлучиле да не инвестираат во нашата земја токму поради корупцијата. Повеќето големи фирми воопшто и не размислуваат за некои големи инвестиции, поточно, само една петтина или 20 отсто од нив инвестираат, што значи дека уделот на тие кои не инвестираат поради појава на мито, се приближува до една четвртина или 25 отсто.

Генеза на корупцијата

Кое е најголемото зло во појавата на коруптивните дејности? Па, корупцијата доведува до злоупотреба на средствата наменети за јавна потрошувачка или помош на социјално загрозените, како и до значајни загуби на приходите од даночењето. Наједноставно, корупцијата доведува до неефикасно спроведување на јавната политика, како и неефикасна распределба на таленти и ресурси кои се достапни на економијата. И повторно се прави корист на штета на другите, а истовремено се подрушува секој општествен консензус за реформите.

Постојат ли конкретни чекори кон напредок?

Па, сепак и за корупцијата има решение. Барем во доменот на теоријата.

Игор Вукајловиќ од Тендер објаснува кои се тие начини: Според теоријата на нобеловецот Гери Бекер, корупцијата е рационално човечко однесување кое гледа што е потребно да се вложи во корупцијата, кој е ризикот и колкава е користа од корупцијата. Според таа теорија, корупцијата треба да се направи неисплатлива. Тоа значи, дека со политичка волја, треба да се донесат квалитетни закони и да се обезбеди нивно ефикасно спроведување. Исто така, неопходно е и да се утврдат соодветни санкции за коруптивно однесување.

Не можеме да кажеме дека немало конкретни исчекори во последните неколку години на полето на спречување на корупцијата. Усвоен е Закон за јавни набавки, дојде и до апсење на некои лица на високи позиции. Но, овие исчекори мора да бидат поддржани со посилна имплементација, како и следствени мерки за спроведување на законите и вкупна поддршка на владините закони. Инаку сето ова е мртва буква на хартија.

Бидејќи, ни околу прашањето за Законот состојбата не е добра. А, еве и зошто. Игор Вукајловиќ од Тендер експлицитно наведува: Примената на новиот усвоен Закон за јавни набавки сеуште не почнала, а ќе почне на 28 ноември оваа година. УГ Тендер воопшто не е задоволен со новиот Закон бидејќи истиот не содржи суштинска определба од ставовите на директивите на ЕУ, посебно по прашањето кое се однесува на висината на усвоените прекршочни казни во однос на интенциите од директивите на ЕУ за јавни набавки од 2007 година, каде стои: Треба да се предвидат прописи за ефикасни, размерни и застрашувачки казни, за тие кои не ги почитуваат одредбите на ЗЈН, додека во усвоените казни на ЗЈН во однос на актуелниот ЗЈН  се намалени за одговорни лица од 4.000 КМ на 3.000 КМ.

Исто така, наведе Вукајловиќ, ова здружение не е задоволно ни со ефикасноста на механизмот за успешно спроведување на правната заштита, а со тоа и од ефикасната борба против корупцијата.

Посебна приказна се шепкачите. Вукајловиќ истакна дека Законот за заштита на шепкачи е усвоен само на државно ниво и тој треба да ги штити само вработените во државните институции: Во ентитетите такви закони сеуште не се донесени. Каков ќе биде ефектот на тој закон, допрва ќе видиме – заклучи Вукајловиќ.

– Кога станува збор за заштита на шепкачите, законите донесени на ниво на БиХ и Ф БиХ имаат свои недоречености и останува да се види дали навистина некого ќе охрабрат од институциите да пријавуваат корупција и дали ќе им пружи соодветна заштита, бидејќи до сега немавме случаи на кои овие закони би се тестирале – потенцира Ивана Корајлиќ од Транспаренси интернешнл.

А, што е со апсењето на високопозиционираните луѓе во општествената номенклатура во БиХ?

Вукајловиќ е јасен:

– И порано пред избори гледавме вакви апсења, но тоа не покрена лавина на нови апсења. Се додека судските органи, обвинителството и судовите не бидат самостојни во својата работа, а со тоа и професионални, не може да се очекува позначајно намалување на корупцијата.

На тоа оди во прилог и размислувањето на Ивана Корајлиќ, која е скептична кога се работи за имплементација на Законот: – Тука постои основен недостиг на правосилни пресуди за кривични дела за корупција, а посебно апсолутно немање на пресуди за корупција на највисоките нивоа на власта, наспроти апсењата и истрагите, уништувањето на антикорупциските закони – законот за судир на интереси за кој сега ќе одлучуваат политичарите; законот за јавни набавки, чии измени траеја со години, а не се вградија антикорупциски механизми и не се унапреди транспарентноста, ниту се воспоставени механизми за одговорност за злоупотреба; законот за финансирање на партии кои само овозможи поголеми износи на финансирање; законот за Агенција за превенција на корупцијата и координација на борбата против корупцијата, кој е донесен на начин да во старт се намалат можностите на Агенцијата и да не се доделат соодветни надлежности, итн.

Наспроти исчекорите, корупцијата ќе продолжи да се шири во рамки на комплицирани и полускриени правила и прописи и неизвесноста околу процедурата за издавање на лиценци и дозволи, бидејќи токму комплицираните и нејасни закони и прописи ја зголемуват можноста за корупција. Не е тешко да се види дека постои насушна потреба за поголем степен на јасност, едноставност и транспарентност во административните процедури и такси.

Неспретните, или подобро кажано шупливи закони, практично овозможуваат и легализација на на многу видови на корупција, а од друга страна, институциите за спроведување на законите се оставаат без ресурси. На нив се вршат политички притисоци, или не им се даваат соодветни надлежности. И затоа, според Корајлиќ, унапредувањето на законската рамка од една страна, како и јакнењето на институциите за примена на законите во смисла на нивната независност и деполитизација, од друга страна, на големо би придонело во борба против корупцијата и самата превенција.

– Секако, неопходни ни се и репресивни мерки, познавајќи го нашиот систем, па во краткорочна смисла моира да се дојде до значајни пресуди за најголемите корупциски афери, ако ништо друго за да може и кај јавноста да се врати довербата во институциите, но и од друга страна, да се отстрани чувството на недопирливост кое го делат многу политичари на високи позиции – вели Корајлиќ.

 Заклучок

Долгорочно, на Босна и Херцеговина треба поголемо почитување на владеењето на правото и позначајна реформа на јавната администрација. Краткорочно, треба да се подготви сеопфатен јавен список на парафискалните наноси и други трошоци, дозволи и лиценци, со цел за зголемување на транспарентноста. 

 

Бука – Сараево

Би можело да ве интересира

Поради страв од Ердоган 65 Турци бараат азил во Босна и Херцеговина

Татјана Ташкова

Харадинај: Сребреница, варварски чин на еден мизерен режим

Ана Ололовска

Мисијата на ОБСЕ во БиХ најостро го осудува негирањето на геноцидот

Ана Ололовска

Триесет и три жртви на геноцидот во Сребреница ќе се погребаат во Поточари

Ана Ололовска

Акција во Сараево за префрлање на мигрантите од јавни простори во прифатни центри

БиХ: Кој не плаќа алиментација, нема да добие пасош

Ана Ололовска

Leave a Comment

five × three =