Користење дневна светлина, готвење во покриен сад и непокривање на радијаторите со облека: Црна Гора со предлог мерки за штедење

Од:

Готвење во покриен сад, некористење лифт, префрлување на ЛЕД осветлување се дел од препораките на Владата на Црна Гора за намалување на потрошувачката на електрична енергија и зачувување на енергетската сигурност, објави Радио телевизија на Црна Гора.

На општините им беше препорачано веднаш да се префрлат на ЛЕД осветлување, да го намалат јавното осветлување на „минимум безбедносно оправдано ниво“, да го ограничат или намалат осветлувањето на билбордите и осветлените реклами, како и рефлектори на спортски и други манифестации, кои треба да се организираат во текот на денот.

Препораките за органите на државната управа, локалните самоуправи, државните претпријатија, јавните институции и стопанството предлагаат користење скали наместо лифт, исклучување на осветлувањето на крајот од работното време, загревање на просториите до максимум 20 степени Целзиусови – со исклучок на болниците, установи за социјална заштита, градинки и училишта.

Исто така, префрлување на LED осветлување, не вклучување на осветлувањето во текот на денот и некористење темни завеси и предмети кои ја заматуваат природната светлина, но и не спуштање на ролетни и поставување на бироа кон природно осветлување.

Во долгата листа на методи за штедење за домаќинствата, стои дека термостатот на бојлерот треба да биде поставен на максимум 60 степени, фрижидерите на четири, а замрзнувачите на минус 18 степени, со разумна употреба на грејни уреди.

Се повикуваат граѓаните „да го користат сонцето колку што е можно за осветлување во текот на денот“, а во грејната сезона да ги спуштат ролетните, да не ги покриваат радијаторите со мебел и облека, а облеката да ја перат на пониска температура и сушење на воздух, а не во машини.

„Треба да се готви во покриен сад, бидејќи на тој начин се заштедува и до 20 отсто енергија, треба да се користат и садови чија големина е пропорционална на грејната површина за да се избегне губење на 20 отсто енергија“, предлага Владата. Во делот што се однесува на подготовката на храната, и напоменува дека кога водата ќе зоврие, температурата треба да се спушти „на најниската можна температура на која ќе продолжи да врие“.

 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора