Контроверзниот српски владика Пахомие добива и до 2.000 евра месечна плата

Од:

Платата на српскиот владика Пахомие, кој раководи со епархијата на Српската православна црква во Врање, месечно изнесувала 210.000 српски динари (околу 2.000 евра) и била една од најголемите во државата, пишуваат српските медиуми.

Според локалниот весник „Врањски“ владиката Пахомие за Божик и Велигден добивал и бонус во висина од 2.000 евра.

Владиката Пахомие на својата сестра, монахињата Павла, и дал плата во висина од 90.000 српски динари (околу 800 евра), за што весникот „Врањски“ објави и уплатници.

Пахомие е познат по педофилскиот скандал, во кој повеќе лица го тужеа за сексуално вознемирување додека биле малолетни. Судскиот процес, сепак никогаш не беше целосно спроведен, објавуваат белградски медиуми.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати