Контра-протест на стоечките протести на плоштадот Таксим

Од:

Десетина лица облечени во маици со натпис „човек стои против човекот што стои“, застанаа синоќа пред стоечките демонстранти на плоштадот Таксим во знак на јавна поддршка на турската Влада на Реџеп Тајип Ердоган.

Групата стоеше околу половина час, а потоа си замина од плоштадот со Таксим. Изминатите два дена илјадници демонстранти во цела Турција се приклучија кон стоечките протести против владата, кои започнаа во понеделникот.

Демонстрантите во Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во земјата, во различни часови прекинуваа со работа и тивко изразуваа протест против властите.

Турскиот вицепремиер Булент Аранч ја одобри новата форма на протест. Пред новинарите Аранч вчера изјави дека протестот на стотици луѓе, кои со часови стојат неподвижно низ улиците и плоштадите, е мирен и „убав за око“.

Аранч само побара од демонстрантите да не го блокираат сообраќајот и да не си го нарушуваат здравјето.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски