Контингент на Безбедносните сили на Косово на меѓународна вежба на НАТО во Германија

Од:

Контингент на Безбедносните сили на Косово (ФСК) отпатува денеска за Германија, каде што ќе учествува на меѓународната воена вежаба „Комбинирано решение 22“ (Combined Resolve 22) во базата на американската војска „Хохенфелс“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти ФСК, вежбата „Комбинирано решение“ се одржува секоја година, со учество на земјите на НАТО и неговите пртнери опод водство на американските сили.

– Вежбата е дизајнирана да симулира сценарија на непрекината војна и се одвива со учество на многу оклопни возила, како и средства на военото инженерство, деминирање, разузнавање и слично, се наведува во соопштението на ФСК.

Косовскиот министер за одбрана, Арменд Мехај на својата страница на Фејсбук напиша дека „целта на оваа вежба тестирање на интероперабилноста на армиите на НАТО со земјите партнери и развој на критични борбени вештини за да им се помогне на партнерите да победат на модерното бојно поле“.

– Продолжуваме заедно со американските сили и другите сојузници кон нови успехи, порача Мехај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски