Контантинос Тасулас избран за нов претседател на грчкиот Парламент

Од:

Со рекорден број гласови, 283 од 298 присутни пратеници, кандидатот од Нова демократија, Константинос Тасулас утрово беше избран за нов претседател на грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките групи на Нова демократија, СИРИЗА, Движење на промена, Грчко решение и МЕРА25 гласаа „за“ изборот на Тасулас, а 15 пратеници од Комунистичката партија беа воздржани.

Денешната мнозинска поддршка за единствениот кандидат од владејачката Нова демократија, е рекорд за грчкиот Парламент.

Во 2015 година, тогашната пратеничка на СИРИЗА, Зои Константопулу, беше избрана за претседателка на Парламентот со 235 позитивни гласа.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски