Консултациите за состав на новата бугарска влада почнуваат в понеделник

Од:

Четириесет и петтото Национално собрание се свикува во тежок момент, тоа е израз на месечните протести и заедничката волја за промени. Тоаа го нагласи претседателот на Бугарија, Румен Радев во обраќањето пред народот и Националното собрание од собраниската говорница, на првата седница на новоизбраниот 45-ти парламент.

Парламентот е фрагментиран, рече Радев, додавајќи дека многу аналитичари предвидуваат краток живот на 45-тото Национално собрание, но времето ќе покаже каков ќе биде и тоа зависи целосно од пратениците. Колку и да трае, парламентот се соочува со одговорни и итни одлуки – првото е формирање влада, рече Радев.

Кризата со Ковид-19, банкроти, сиромаштија, итно ажурирање на буџетот, надминување на драстичното заостанување во сите важни индикатори во ЕУ, потребата за интензивна модернизација на земјата бараат оперативни решенија, рече шефот на бугарската држава.

Радев нагласи дека ќе одржи консултации со парламентарните групи в понеделник за формирање влада.

– Постигнувањето на владејачкото мнозинство, колку и да е потребно, не треба да биде математичка сума на гласови, бидејќи непринципиелна коалиција може само да ја продлабочи кризата…Ја знаете максимата дека кога сите се на власт, луѓето се во опозиција, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија