Конститутивна седница на црногорскиот Парламент на 23 септември

Од:

Конститутивната седница на црногорскиот парламент ќе се одржи на 23 септември. Тоа беше договорено денеска на состанокот на претседателот на Парламентот од минатиот состав Иван Брајовиќ, со претставниците на парламентарните изборни листи.

– Предлогот беше едногласно прифатен, не мора да чекаме долго … Црногорските избори покажаа дека граѓаните имаат доверба во институциите, рече Брајовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Подгоричкиот весник „Дан“, повикувајќи се на повеќе извори од победничката коалиција, јави дека и официјалните преговори за конституирање нова извршна власт почнуваат денеска.

Претставниците на трите коалиции кои обезбедија мнозинство во парламентот, истакнуваат дека се создадени сите услови за официјални преговори и дека дејствуваат во тој правец. Тие најавуваат дека до крајот на октомври ќе има целосно формирана влада.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски