Коњуфца: Албанците во јужна Србија се најугнетениот и најдискриминиран народ во Европа

Од:

Претседателот на Собраниетео на Косово, Глаук Коњуфца, по средбата со единствениот пратеник Албанец во актуелното Собрание на Србија, Шаип Камбери, изјави дека Албанците од Прешевската долина, областа во јужна Србија населена со мнозинско албанско население, се „најугнетениот и најдискриминиран народ во Европа“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешната објава на неговата страница на Фејсбук, по средбата со Камбери, Коњуфца напиша дека „храброста и решителноста“ на претставникот на Албанците од Прешевската долина во српскиот Парламент „треба да им служат за пример на сите“.

– Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓе се најугнетениот и најдискриминираниот народ во Европа. Ова угнетување во Собранието на Србија посебно го демаскира пратеникот Камбери. Поддршката од Република Косово ќе расте уште повеќе во иднина. Во одбрана на нашите права ќе бидеме заедно, порача Коњуфца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов