Кон: Ситуацијата не е веќе вонредна, туку катастрофална, пациентите од Белград се праќаат во други градови

Од:

Членот на српскиот кризен штаб, епидемиологот Предраг Кон, оцени дека Србија се наоѓа во критична состојба, особено во Белград, каде епидемиолошката состојба се претвори, како што рече, од вонредна во катастрофална, бидејќи, вели, нема простор за прием на пациенти, поради што тие се пренесуваат во другите градови.

Тој наведува дека зголемување на бројот на пациенти се регистрира и во внатрешноста на Србија и дека само во мал број места состојбата не е вонредна, но проценува дека има уште простор до „италијанското сценарио“.

– Потенцијалот на вирусот е виден, бројот на пациенти расте многу побрзо отколку што беше на самиот почеток, во првиот бран. Сè уште има простор за т.н. италијанско сценарио и еластичноста на нашиот здравствен систем е нешто што е исклучително – рече Кон за РТ Војводина.

Тој рече дека сите директори на ковид болниците, заедно со министерот на чело, создале систем за отворање на нови болници и проширување на капацитетот каков што тој никогаш ниту видел, ниту учел, но дека тоа функционира.

– Во тие ситуации, ортопедијата во Бањица беше затворена двапати. Ние жртвуваме делови од системот кога отвораме ковид болница и ги намалуваме капацитетите за лекување на останатите болести. На крајот, ќе се види какви се последиците, никој не смее да каже дека нема да има, рече Кон.

Побрзо отпуштање од болница

Тој мисли дека во Србија нема да дојде до ситуација некој да биде вратен без да може да му се даде помош и додаде дека веројатно може да се случи пациентите со Ковид-19 да бидат отпуштени побрзо.

Кон рече дека е лошо што Кризниот штаб не успеал да осигури дека мерките се спроведени, но дека организацијата на самата работа е добро спроведена.

Според сите информации од Кризниот штаб, вели Кон, има доволно од сè – од тестови и дијагностика, до самите лекови, кислород.

Кон објаснува дека коронавирусот влегол во семејството, дека поминал од местото на инфекција и дека сега мерките доцнат кога требало да се дејствува крајно нагло во ноќните клубови, местата за забави, прослави, свадби, родендени што се одржувале во текот на летото, дури и во септември.

Кризниот штаб нема доволно поддршка

Кон посочува дека поддршката дадена на самиот почеток на пандемијата е незаборавна во историјата на превентивната медицина во Србија, но смета дека во овој момент нема доволно поддршка за медицинскиот дел.

На прашањето што ќе прават понатаму и дали е дојдено време да се затвори земјата како многу европски држави, Кон вели дека не верува дека сите тие земји се целосно затворени и дека сето тоа е само на телевизија.

– Да го снимате Белград во 22 часот, ќе го видите истото, нема никој на улиците. Ова се сега проценки за тоа дали е потребно целосно затворање или дополнително скратување на работното време. Јасно е, забрана за контакти и употреба на маски максимално, заклучи Кон.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов