Кон: Мораме порано да ги отпуштаме пациентите за нов кревет, ковид пропусниците не се доволни

Од:

Членот на Кризниот штаб на Владата на Србија, епидемиологот Предраг Кон изјави дека го поздравува воведувањето на ковид пропусниците, но наведе дека тие требало да се воведат порано и дека е „незадоволен и тажен затоа што не мисли дека тоа ќе биде доволно“, и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб уште од порано предложил построги мерки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Епидемиолошката состојба се разви во практично катастрофална, бидејќи никаде немаме сигурен кревет за пациентите, така што пациентите мора да се отпуштат порано за да добијат простор. Ситуацијата е многу, многу лоша, изјави Кон за ТВ Прва.

Тој кажа и дека очигледно не постои брз начин да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани во Србија за да се добие колективен имунитет.

-Баравме практично се што работи да биде затворено во 17 часот – главно продавници, трговски центри, кафулиња и да се отвори само она што е за намирници, лекови и гориво. Исто и забрана за јавни собири на повеќе од пет лица, кажа Кон за ставот на медицинскиот дел од Кризниот штаб, кој побарал „силно да се работи на вакцинацијата“.

Зборувајќи за ковид пропусницата, тој оцени дека е неопходно да се заостри контролата, и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб, побарал да биде јавно објавено кој ги крши мерките.

Тој порача дека сите вработени во угостителските објекти, кои се ангажирани на места каде што се неопходни ковид пропусници по 22 часот, мора да ги исполнуваат условите за нив.

Според него, вирусот „сериозно е во оптек“ кај децата, така што некои од нив се на респиратор, и дека „легитимното прашање е дали е време да се размислува за онлајн настава“.

Тој нагласи дека „моторот“ на секоја респираторна епидемија се колективите – училиштето, работните, спортските, веселбите, свадбите, ноќните клубови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов