Кон: Изборот е меѓу вакцината или вирусот – што подолго размислуваш, ќе згрешиш и ќе го избереш вирусот

Од:

Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон вели дека луѓето мораат да сфатат оти вакцината е единствениот излез од пандемијата, а тоа е особено важно сега, кога пандемијата глобално е во својот најсилен подем, со над 800.000 заразени дневно во светски рамки.

„Во Србија имаме спуштање и доаѓаме во ситуациј да има притисок за попуштање на мерките, што е последица на вакцинацијата и на тоа што последните недели имаме нешто поостри мерки. Малку луѓе се во бавчите со ова лошо време. На терасите маските се задолжителни, освен кога се пие пијалак. Но знам дека никој таму не носи маски,“ изјави Кон за РТС.

„Однесувањето на луѓето е нешто што долготрајно се учи. Кога вие сега ќе влезете во автобус, ретко ќе најдете некој што не носи маска, но голем проблем е што тоа не премина во навика во кафулињата и кафеаните. Веќе во мај ќе дојдеме во ситуација да почнат свадбите, па и матурите, тоа не можете да го запрете,“ вели српскиот епидемиолог.

Според него, воопшто не е тешко да се носи маска, па и на прослава.

„Кој е одговорен за тоа – младенците и рестораните“, вели Кон.

Тој уште еднаш ги повика луѓето да се вакцинираат, затоа што сме во ситуација во која изборот е меѓу вакцината и вирусот.

„Го бираш вирусот или вакцината. Ако премногу размислуваш, ќе го одбереш вирусот и ќе погрешиш!, нагласи Кон.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати