Комисијата за ЕУ во Бундестагот ќе расправа за Западен Балкан

Од:

Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент за утре закажала седница на која што централна тема треба да бидат состојбите во Западниот Балкан, јавува програмата на македонски јазик на германскиот државен сервис „Дојче Веле“.

На седницата која што сеуште не е објавена на веб страницата на Бундестагот и на која што не може да присуствува јавноста, се очекува да бидат презентирани информации за земјите од Западниот Балкан.

Меѓу точките на дневниот ред треба да бидат состојбата во Македонија, Босна и Херцеговина, а се очекува да стане збор и за политичката криза во Албанија и ситуацијата на Косово.

Во Комисијата за европски прашања при Бундестагот членуваат 34 пратеници од сите парламентарни партии, од нив најголем дел 17 се пратеници на централно-десничарската сестринска група ЦДУ/ЦСУ, 11 од Социјалдемократите, и по тројца од „Левица“ и „Зелените“.

Минатата недела, членот на оваа Комисија од редовите на ЦДУ Торнстен Фрај за МИА изјави дека Европската унија мора да влева доверба кај идните членки дека тоа што е договорено ќе го исполни. Притоа, Фрај побара зејмјите во регионот да ги надминат сите отворени прашања за да можат да продолжат на патот кон ЕУ.

– Во најдобар интерес на ЕУ и на Германија е да ги поддржат земјите од Западниот Балкан и тие да станат членки. Треба да биде јасно дека ако критериумите од Копенхаген бидат исполнети, тогаш мора да следи членство во ЕУ. За мене ова е прашање кое што влијае на довербата и на кредибилитетот на ЕУ. За волја на вистината, во многу земји од Западен Балкан се уште имаат проблеми кои треба да се надминат. Во Македонија имаме уставна криза поради која се уште не може да се направи влада по изборите во декември. Ситуацијата е комплицирана, но треба да се извади најдоброто од изборните резултати и да се почитува волјата на македонскиот народ и македонските граѓани, изјави за МИА пратеникот на ЦДУ и член на Комисијата за европски прашања во Бундестагот.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“