Комисијата на финансирање на политичките партии во Словенија заседава по информациите за „унгарски пари”

Од:

Комисијата за финансирање на политичките партии во Собранието на Словенија расправа по информациите на порталот Нецензурирано за наводно унгарско финансирање на партијата на Јанез Јанша и медиуми блиски до него.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, на сослушување е и поранешниот гувернер на Банка Словенија. Како што информираше претседателот на Комисијата, пратениците се блиску до заклучок.

Сепак, тој во оваа фаза не сакаше ниту да ги потврди, ниту да ги демантира информациите на Нецензурирано, кои пишуваа дека пари од Унгарија преку разни канали се влевале во Словенија и со нив се финансирала СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша и медиуми блиски до нив.

Би можело да ве интересира

Во Словенија потврдени 56 нови случаи на зараза со коронавирусот

Ана Ололовска

Словенија почнува со мобилно тестирање на граѓаните за коронавирусот

Ана Ололовска

Словенечкото Собрание расправа за таканаречениот „Мега корона закон”

Ана Ололовска

Партијата на Шарец против давањето широки овластувања на словенечката војска

А1он

Словенија: Кризен состанок поради ширењето на коронавирусот во домовите за стари лица

А1он

Во време на епидемија словенечките земјоделци продаваат овошје и зеленчук преку интернет

Ана Ололовска