Командантот на КФОР вели дека ЗСО е контроверзно прашање

Од:

Командантот на мисијата на НАТО во Косово, генерал-мајор Микеле Риси, изјави дека прашањето за формирање на Заедница на српски општини (ЗСО) е контроверзно прашање, што носи одреден ризик.

– Многу контроверзна точка во дијалогот е поврзана со формирање на заедница на општини со српско мнозинство и каква функција и извршна моќ ќе и бидат доделени тогаш, рече командантот на КФОР во обраќањето на конференцијата на Фондацијата на одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, посветен на европската и евро-атланска интеграција на Западен Балкан.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, тој изјави дека неколку претставници на косовски Албанци предупредуваат на ризикот од „боснизација“ на Косово, што, како што вели, може да го загрози „државниот ентитет на Косово“.

Командантот на КФОР истакна дека договорот од Вашингтон помогна да се создаде поволен момент за градење доверба меѓу Белград и Приштина.

– Договорот во 16 точки, секако претставува чекор напред во нормализацијата на економските и трговските односи и поттик за активностите на ЕУ, рече Риси, нагласувајќи дека КФОР прави сè што е во нивна моќ да спречи Косово да стане замрзнат конфликт, но додава дека „постои ризик“.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски