Кој стои зад нападот во Бугарија?

Од:

Во напната ситуација после терористичкиот акт во Бугарија, Иран размислува да го затвори Ормускиот мореуз со што ќе оневозможи извоз на нафта од Персискиот залив.

Новата поддршка од пратениците во иранскиот парламент за затворање на Ормускиот мореуз доаѓа во време кога за терористичкиот напад во Бугарија, Израел го обвини Иран и проиранската организација Хезболах.

На изјавите на израелскиот премиер и на министерите за одбрана им се приклучија и американските официјални лица кои потврдија дека зад нападот стои член на ќелијата на Хезболах која оперирала во Бугарија.

Истовремено „Русија Денес“, објави интервју со новинарката Сораја Сепахпур-Улрих која наведува дека нападот во Бугарија можеби е лажна операција (операција под лажно знаме- „False flag„) изведена од страна на Израел само да ја крене тензијата насочена кон Иран.

„Не можам со сигурност да тврдам дека се работи за напад под лажно знаме, но доволно е да се погледне кој во оваа операција добива. Сметам дека нема никаква смисла Иран во овој момент да изведе ваква операција“, рече Улрих за „Русија Денес“.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина